Информативна сесија за спортски клубови и здруженија на граѓани

Информативна сесија за спортски клубови и здруженија на граѓани

ЕВРОПСКИ КУЛТУРЕН ЕПИЦЕНТАР Битола организира информативна сесија за спортски клубови и спортски здруженија на граѓани од Битола и битолскиот регион.

Темата на информативната сесија е можности за грантирање на спортски клубови и здруженија преку Erasumus+ Key Action.1 и Erasmus+ Sport програмата за грантови до 500.000 евра. На оваа информативна сесија учесниците ќе имаат можност да се запознаат подетално за погоренаведентие програми, видот на активности кои можат да бидат грантирани, како и основните чекори за подготовка на апликација.

Информативната сесија ќе биде составена од две работилници по час и половина. Заинтересираните лица за учество можат да се пријават преку пополнување на следниот прашалник кој е задолжителен: https://forms.gle/7696eDteGojdZAHX8

Поради ограничениот простор овозможено е по еден претставник од здружение/клуб, а селектираните учесници ќе бидат дополнително информирани. Краен рок за пријавување е 6 ноември 2019.