DigiWomen

DigiWomen

Проектот DigiWomen е транснационална соработка меѓу пет партнери меѓу кои и ЕКЕ од Битола со исти потреби и карактеристики како што се едуцираање обучувачи за стручно образование и обука (СОО) за поддршка на жени кои доаѓаат од неповолни рурални области да се дообразуваат и да ги зајакнат своите работни квалификации, лидерски вештини и евиденција на финансии.

DigiWomen ги зајакнува вештините за финансиска, дигитална, аграрна и писменост на англиски јазик.

Жените преку DigiWomen добиваат еднакви можности преку употреба на современи и иновативни алатки за дигитална обука, платформа за е-учење која вклучува посебна наставна програма за обучувачи за СОО и ги поддржува да создаваат привлечни и едноставни модули.

Од почетокот на реализирање на овој проект до денес континуирано се одржуваат тековни состаноци за работата и реализирањето на обврските.

Во текот на јули 2021 година се оствари осмата по ред онлајн средба каде што се разговараше за напредокот на проектот. Беа споделени ажурарањата на планот за комуникација и работата за дисеминација.

За повеќе информации можите да ги посетите нашите онлајн страници:

Веб страница: https://digiwomen.eu

Facebook page: https://www.facebook.com/DigiWomenEU

Instagram page: https://www.instagram.com/digiwomeneu/

Линк од галерија:

203058633_209180844398022_2284149955680204780_n