Do-It-Together

Do-It-Together

Цели на овој проект беа да се дознае повеќе за процесот на повторно активирање празни згради, препознавање креативни идеи за спречување на напуштање на простори кои се во голема мера уништени, споделување на добри практики за зелените зони (градење на постоечките урбанизирани области, наместо крадење повеќе гринфилд земјиште), промоција на активни граѓани и активни заедници преку урбан развој – стекнување на знаење за акции и кампањи за зголемување на политичката свест, ​се дознаа нови примери за вклучување и учество (ко-креирање со општината, придонес во општеството), се донесоа заклучоци како би можело да се промовираат претприемачките компетенции преку одржлив развој на градот, интегрирање на градот и намалување на маргиналните области.

Овој проект имаше за цел и да ја подигне свесноста за неискористените згради и индустриските фактори, окупираните зелени зони, небезбедните области. Исто така, овој проект се обиде да ги стимулира пасивните граѓани и неефикасните урбани заедници со цел да се намали недостатокот на колективна одговорност, недостатокот на политичка волја, невработеноста, сиромаштијата и иселувањето.

Влијанието кое се постигна со имплементација на овој проект е активирање на урбана лабораторија за општествени иновации кои ќе им служат на заедниците, промовирање на можностите за пренамена на напуштени згради преку колективна патека за самоизградба со жители, промовирање на заедничка мрежа во соседство, составена од здруженија, професионалци, институционални, економски и истражувачки способни да играат активна улога во процесот на регенерација, создавање можности за обука за вработување, развивање на модел што може да се примени како решение за социјални предизвици, со вклучување на граѓаните и граѓанското општество.

Овој проект сметаме дека ќе предизвика интеграција на процесите на урбана промена, активно вклучување на младинската компонента и локалните мрежи овозможувајќи им на жителите во процесите на учество преку механизми за соработка помеѓу нив и институциите.

Во прилог линк со галерија:

Do-It-Together (1)