Emove your innerself

Emove your innerself

Како дозна за обуката и кој беше мотивот да се пријавиш? 

За обуката дознав од ФејсБук, а мотивот да се пријавам беше темата на обуката и можноста за личен развој. Изминатиов период бев изложена на поголем стрес и тоа беше и причина плус да се пријавам.

Каде се одржа обука и од кои држави имаше учесници? 

Обуката беше во Бретања, Франција и имаше учесници од Англија, Франција, Холандија, Словенија, Македонија, Србија, Црна Гора, Романија, Чешка, Шпанија и Ерменија.

Која беше темата на обуката? 

Искрено, сеуште не знам да кажам која беше темата, ха ха ха…. Името на тренингот е Маската на конфликт, со голем поднаслов за Работа со себе, откривање на своето вистинско јас, живеење во моментот на сега и овде.

Што очекуваше на почетокот? 

Очекував многу, а добив уште повеќе. Работата на себе е неверојатно патување во центарот на земјата, поточно во центарот на она што сме и се доживуваме себеси како ЈАС.

Дали беше ова твое прво вакво интернационално искуство и како би го опишала? 

Да, ова е мое прво интернационално искуство и би кажала само пофални зборови. Организациски, стручно, буквално во секој поглед. Како што објаснав и погоре, беше неверојатно патување.

Што научи на обуката?

Научив многу нешта, и за себе и за другите. Научив колку сме кревки, а во истовреме и бескрајно силни, само ако сме вистински мотивирани. Работата со себе е еден бескраен процес кој знае да биде и болен, но во исто време и многу прекрасен и ослободувачки. Работата на себе е една трајна вредност и инвестирање во себе и сопствената благосостојба. Без тоа нема напредок и тоа е факт.

Што ти остави најголем впечаток?

Охх…Тешко прашање, од толку многу импресии. Разноликоста на луѓето, а во исто време нивната сличност. Желбата на секој човек за душевен мир и наоѓање баланс во се што правиме, свесно или несвесно. Без оглед на возраста, статусот, професијата и слично. Секој сака да биде среќен, не? А во истовреме и начинот на кој страдаме….Буквално е потполно ист, кај сите нас. Различен е начинот на маскирање на тоа страдање. Само тоа.

Како ќе го примениш стекнатото искуство?

Сеуште размислувам, ха, ха… Во секој случај промените веќе се случуваат, прво кај мене лично, а тоа резултира и со промена во интеракцијата со другите. Почнав да го применувам искуството во часовите по јога што сега се одржуваат во паркот. Имам некои планови, но за тоа, потоа J

 
Дали би го препорачала ова искуство на други? 

Ооо, да. Без исклучок. СЕКОМУ. Секој заслужува да биде дел од едно вакво неверојтно искуство.