Imprenditori di Idee

Проектот Imprenditori di Idee беше младинска размена на која учествуваа 30 учесници од Италија, Романија, Словенија, Полска и Македонија. Темата на проектот беше социјалното претприемништво меѓу младите. Целта беше да се вклучат младите луѓе во дебати околу темата претприемништво и традиционални индустрии во областа, посебно: нови форми на земјоделски бизнис, историски ковачни претпријатија, успешна болничка структура. За 6 дена, младите присуствуваа на работилници и групни состаноци фокусирани на идентификување на заедничко решение за поттикнување на кохезивен територијален развој. Проектот се одржа во Туса (МЕ), мал антички град со 3.000 жители, кој се наоѓа меѓу два од најзначајните сицилијански град (околу 90 километри источно од Палермо и околу 140 километри западно од Месина). Прекрасната и диверзифицирана околина понуди богата средина за учење за стимулирање на меѓукултурниот дијалог и нови идеи помеѓу различните групи кои учествуваат во проектот.
Главни цели беа:

  • Да се подобрат клучните компетенции и самопочитта кај младите;
  • Да се стимулираат идеи за модели за развој на заедницата базирани на традиционални ресурси и нови динамички елементи;
  • Да се поттикне социјалниот дух и компетенции на претприемачот;
  • Да се зголеми мобилноста кај младите луѓе од помалку развиените области

година на реализација: 2017

програма: Erasmus+

координативна организација: NEW HORIZONS

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *