Innovative Coaching makes the Difference

Innovative Coaching makes the Difference

Поради неодамнешната глобална неповолна економска клима и недостиг на работа, младите се најтешко погодени од невработеноста во споредба со возрасните. Поради овие причини, проектот се обидува да ја компензира оваа нееднаквост на можностите преку развивање на тренинг компетенции на младинските работници низ употреба на традиционални игри собрани од сите земји во проектот како неформални образовни алатки.
Проектот има за цел да го зголеми квалитетот на младинската работа како конструктивен одговор на младинската интеграција и учество на пазарот на трудот, како и консолидација на позитивен идентитет преку лични насоки и работна ориентација со цел да им помогне на младите да го достигнат својот целосен потенцијал и успешно да влезат на пазарот на труд во нивните земји.

програма: Erasmus +

координативна организација: Европски Културен Епицентар Битола