Into the Wild

Into the Wild

ЕВРОПСКИ КУЛТУРЕН ЕПИЦЕНТАР Битола објавува повик за учесници за тренинк курс со наслов IN TO THE WILD TC од 10-18 октомври 2021 година, во Шјауљај, Литванија

Учесници можат да бидат луѓе со наполнети 18 години и да имаат:

–   Интерес за истражување на темата и учење на отворено

–  Мотивација да се учествуваа во целокупното спроведување на проектот 

Цели:

  • Истражување, споделување на искуства и градење на вештини во дигиталниот свет базирано на искуствено учење
  • Откривање на дигитални алатки кои можат да се користат при младинска работа со фокус на отворен простор
  • Откривање на концептот на дигитална младинска работа како и можните ограничувања
  • Создавање нови едукативни алатки и методи на учење како и социјални компетенции, социјална инклузија на луѓе со помалку можности преку дигитални активности на отворено
  • Развивање на методи за потребите на луѓето кои се занимаваат со младинска работа
  • Споделување на добри и лоши практики при дигитална младинска работа особено на отворено
  • Промоција за врежување и соработка помеѓу искусни младински работници и обучувачи

Целта на овој проект е да се “комбинираат некомбинирани“ предлагачки решенија кои ги разбираат потребите на возрасните и на младите како и дека ја разбираат комуникацијата меѓу нив, потоа да постои истражување на можностите за едукација на отворено како моќен начин за социјално вклучување проследено со користење на дигитални алатки и апликации што ги користат младите преку практични примери и искуства.