Positive conflicts

Positive conflicts

Организиран од страна на „ Associazione Sportiva Dilettantistica Culturale Salvaj“ од Италија.

Тренинг курсот се одвиваше од 21-29 јули 2021 година и учество зедоа 24 учесници од неколку земји во Европа меѓу кои и ЕКЕ од Битола.

Тренинг курсот беше нудење можност за младински организации подлабоко да ги истражат концептите и да ги подобрат капацитетите за разрешување на конфликти, притоа промовирајќи граѓанско учество на младите во нивните средини.

Овој проект му помогна на учесниците од ЕКЕ-Битола како младинските работници од Европа да допрат до младите маргинализирани групи и да работат со нив во подобрување на нивното критичко размислување, емоционална интелегенција, и промовирање на човековите права, слобода и толеранција.

На тренингот се користеше методологија која ги реконструира секојдневните конфликтни ситуации во кои можат да се сретнат учесниците, се даде можност на учесниците да се поврзат со конфликтните ситуации во кои можат да се најдат секојдневно и да станат свесни за причините за конфликтот како и можните решенија на истиот.

Исто така беа остварени Ц=целите на тренингот, а тоа е дека учесниците се стекнаа со вештини за справување со причини за конфликти,ја промовираше различноста, меѓукултурниот дијалог преку демократија, толеранција и почитување на човековите права како и стекнување со комплетенции за разрешување на конфликти како што се емоционални вештини, емпатија и асертивност.

Знаењата кои се стекнати на овој тренинг курс се споделувани од страна на учесниците од ЕКЕ-Битола со останатите млади луѓе, а тоа значи дека стекнатите знаења се проширени со различни категории на млади луѓе кои во иднина би можеле да работат на оваа тема и би ги усовршувале своите досегашни знаења.