Quality of European Youth Work – It’s About You(th)!

Со одлични и многу успешни програми што ги спроведуваат различни европски институции во текот на годините, позициите и можностите на младите значително се подобрија, давајќи им можност за мобилност, запознавање на нови луѓе, нови култури, учење и совладување на нови вештини и стекнување нови искуства. Но, дали одговорноста за подобрување на животот на младите лежи исклучиво на нивните влади, на Европската комисија и на институциите? НЕ! Во согласност со Стратегијата за млади на ЕУ 2010-2018, Декларацијата на Првата Европска конвенција за младинска работа и врз основа на нашето претходно искуство, ние веруваме дека организациите во Европа, посветени на работа со млади треба да преземат неопходни чекори за подобрување на нивните капацитети, преиспитување на нивната претходна работа, учење од претходни искуства и искрено да работат на воспоставување на нови и повисоки стандарди за нивната идна работа, со што поголемо влијание врз нивните заедници, со што поголем и долготраен придонес за квалитетот и признавањето на неформалното образование и младинската работа во Европа за годините што доаѓаат.
Имајќи го сето ова на ум, нашата цел беше преку овој проект да ги подобриме капацитетите и да ги овозможиме аспирациите на организациите и институциите за да можат да придонесат и да имаат корист од спроведувањето на проекти со повисок квалитет, со што ќе се обезбедат повеќе можности и повисоки стандарди за неформално образование за младите во нивните заедници и низ Европа.

година на реализација: 2015-2017

програма: Erasmus+

координативна организација:Center for the Study of Social Democracy

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *