Sport@Street

Sport@Street

Овој проект го поддржуваат пет партнер-организации меѓу кои и ЕКЕ од Битола, а останатите се од Италија, Бугарија, Латвија, Амстердам и Брисел. Спроведувањето на активностите започна од јануари 2021 година, а во тек е реализација на останатите планирани активности. Реализирањето ќе продолжи и во 2022 година.

”Sport@Street“ е движење базирано на вежби со користење на јавни објекти, како што се опрема во училишни дворови или паркови. Движењето ”Sport@Street“ поддржува здрав начин на живот преку лесно достапни и финансиски ефтини средства. Благодарение на интернетот, оваа спортска дисциплина брзо се шири низ целиот свет и Европа, особено кај младите луѓе во урбаните средини бидејќи е нова и не претставува буџетско оптеретување. Уличното вежбање постојано добива признание и популарност низ целиот свет, особено кај младите како општествено движење и како демократска спортска активност. „Street Workout“ е познат и како „Ghetto Workout“ поради неговото потекло од гето -областите во Њу Јорк. Проектот се смета за можност за иновации и размислување со цел да се одговори на потребата од справување со реалниот ризик од трајно исклучување на младите во ситуации на социјална неповолност, особено од урбаните средини. Преку соработка на организациите Sport@Street промовира синергија помеѓу Младинските политики, спортот како и помеѓу социјалната инклузија. Партнерството предлага необична мешавина на организации Street Workout кои имаат искуство во Street Workout и организации кои имаат голема експертиза во програмите за неформално образование. Сите вклучени организации имаат релевантна експертиза и знаење за работа со млади и за справување со луѓе со помали можности. Ние силно веруваме дека проектите за транснационална соработка се од суштинско значење за да се поттикне отвореност, совршена транспарентност и да се олесни размената на добри практики помеѓу организациите.

Влијанието кое се очекува со овој проект е следно:

  • зголемена мобилнос на учесниците и активното учество во општеството,
  • младите луѓе преку темелно проектирани работилници да можат да развијат клучни компетенции,
  • да можат да ги препознаат можностите за вработување и волонтирање во нивниот секојдневен живот и поттикнување на креативноста и иновативноста,
  • вклучување неформални активности како и локалните млади луѓе да успеат да имаат интеракција со млади луѓе од многу други земји.
  • се очекува да се учат дел од можностите за Еразмус+ и да се мотивираат учесниците за активно вклучување во образовниот процес.

Во прилог линк со галерија:

242862283_1982448095245114_3706350943782358331_n