The Change Makers 2: Sustainable Development through Entrepreneurship Education

Образованието, или поточно недостигот од него, игра клучна улога во неефикасноста. Многу е поголема веројатноста дека младите со ниско ниво на образование ќе бидат погодени од невработеност, неактивност или тешки преодни активности од училиште до работа од младите со средно или високо образование и интензивни искуства преку патеки за неформално образование. Тренинг курсот имаше за цел поддршка на борбата против невработеноста кај младите од една страна, а од друга, решавање на различни социјални проблеми со цел да се постигне поширок и одржлив раст во локалното општество. Одржливото претприемничко образование нуди извонредна перспектива: исто како што бизнис претприемачите го менуваат бизнисот, социјалните претприемачи, развиваат идеи и нови пристапи во справувањето со прашањата на образованието, вклучување, свест за животната средина, развој на нови политики итн., што доведува до промена на животот на луѓето во нивната локална заедница на подобро. Најголемото внимание се посвети на размената на претприемачки и неформални образовни практики и вмрежување меѓу партнерите.

година на реализација: 2015

програма: Erasmus+

координативна организација:Culture Goes Europe (CGE), Soziokulturelle Initiative Erfurt e.V.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *