The power of communication

The power of communication

На 14 октомври заврши тренингот ,,Моќта на комуникацијата (The power of communication)”, кој се одржа во Реимс, Франција, а започна на 6 октомври, како прва активност од долгорочниот тренинг со исто име. Беше организиран од страна на партнерска организација Јус Гентиум, со седиште во Франција. Нашата организација беше претставена од Арлинда, Ангела и Даниела, кои имаа шанса да се дружат со млади од Европа, но и да го зголемат своето знаење во областа на комуникацијата, типови на комуникација, нејзината улога во образовниот процес и нејзината поврзаност со човековите права. Исто така, учесниците на овој тренинг имаа шанса да ги подобрат своите комуникациски и претставувачки вештини, да практикуваат добра комуникација и како и да научат ефикасно да пренесат порака.