To the roots

To the roots

Од 16 и 23 јуни 2021 година, во Мужашихле/ Полска се одржа тренинг курс со наслов ”To the roots” каде учество зедоа група млади луѓе од ЕКЕ-Битола.
Главната цел на овој тренинг курс беше да ги обучи младинските работници како да го користат образованието на отворено за решавање на актуелните предизвици во денешно време и градење на таканаречени меки компетенции и вештини, како што се почит, ефикасна комуникација, толеранција и разбирање, пристап без судење, способност за работа во тимови и критичко размислување.


Претставниците од ЕКЕ-Битола се стекнаа со компетенции кои водат кон активно граѓанство, развиена култура на мир во општествата и подобри шанси за младите луѓе на пазарот на трудот
Специфичните цели на овој тренинг курс беа меѓусебно поврзани со откривање на надворешно и искуствено учење, нивната историска перспектива, принципи и модели, давање можност на учесниците директно да доживеат различни методи и техники на отворено и да размислуваат за начините на инкорпорирање на овие методи и техники во нивната секојдневна младинска работа со млади луѓе, вклучувајќи млади луѓе со помалку можности, млади луѓе од маргинализирана позадина, радикализирана младина или со бегалци
како и да се подигне разбирањето на учесниците за надворешни методи и техники во врска со активно учество на младите и да се поттикнат учесниците да применат учење на отворено во нивните практики.

Во прилог можете да погледнете и фотографии на следниот линк:

201986376_2740236646232467_1523176540232697631_n