WRITING INSTEAD OF FIGHTING

Oбуката со наслов “WRITING INSTEAD OF FIGHTING” беше организирана од нашите партнери “Хајде Да..” во Сремски Карловци. Темата на обуката беше како преку литературни дела да се крене свеста за зголеменоста на екстремизмот, ксенофобијата и фашизмот во Западен Балкан и Европа. Нашите учесници заедно со други младински работници и лидери од Србија и Босна и Херцеговина се стекнаа со знаења и вештини како да поттикнуваат активности преку кои ќе ги охрабрат младите да се соочат со денешните предизвиците и зголемат меѓусебната соработка.

Во рамките на проектот “DIVIDED PAST – JOINT FUTURE”, како резултат на тренингот беше креиран истоимениот перформанс: https://www.youtube.com/watch?v=g5qWn5hJQUQ

година на реализација: 2019

програма: Erasmus+

координативна организација:  “Hajde da…”