You(th) can play for Europe – Sport Without Discrimination

Со здружување на вкупно 126 лица, поточно 28 Младински работници, 35 младински лидери, 35 активисти за човекови права и 28 волонтери од Германија, Италија, Русија, Литванија, Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Албанија, Србија и Македонија проектот им понуди на учесниците можност да дискутираат за дискриминацијата и социјалната исклученост во однос на сексуалната ориентација и ЛГБТ луѓето во спортот, на Координативниот состанок, Семинарот, Работилницата и евалуацискиот состанок.
Главните цели на проектот беа:

  • да се опише прифатливо однесување, да се разјаснат непочитувачките однесувања и да се нагласат однесувања кои покажуваат инклузивно опкружување на отвореност и почит;
  • поголемо разбирање и свесност за ефектите од дискриминацијата врз младите ЛГБТ поединци и предрасуди во училиштата, универзитетите, клубот и сл. кои имаат врз нив;
  • да се презентира законодавството, документите и акциите на ЕУ за поддршка на ЛГБТ луѓето во спортот;
  • како да се дејствува брзо за да се одговори на ЛГБТфобичниот јазик, шегите и акциите кои ги исмеваат или слуштаат припадниците на ЛГБТ групата, жените или малцинските групи;
  • да се едуцираат кадарот, младинските работници, младинските лидери и доброволци за нивните одговорности за почитување и недискриминација за сите, без оглед на сопствените лични убедувања, да ги избегнуваат претпоставките или пресудите врз основа на стереотипи или гласини;
  • да се разјасни улогата на институциите на ЕУ, националните институции, непрофитните / невладините организации, спортски клубови и поединци со поддршка за ЛГБТ спортските лица и младите луѓе.

година на реализација: 2016-2017

програма: Erasmus+

координативна организација: Savez udruzenja gradjana za podsticanje zaposljavanja mladih Mladi Rade

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *