ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ

ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ

Отворен повик за 4 учесници на тренинг курс “Digi-YOUTH-alization: Build digital competencies using social and digital media tools in 21st century youth work” кој ќе се оддржи од 18 до 25 ноември 2019 год, во Битола.

Број на учесници од С. Македонија: 4
Старосна граница: над 18 години
Аплицирање на следниот линк: http://trainings.salto-youth.net/8280
Краен рок за аплицирање: 1 октомври 2019

Овој тренинг курс е наменет за градење на дигиталните компетенции кај младите и имплементирање на иновативни практики во дигиталната младинска работа, со посебен осврт на младите со помалку можности и волонтери во младински организации.

Покрај учесници од нашата држава, на тренинг курсот ќе учествуваат вкупно 25 младински работници, претставници на организации и волонтери од седум партнерски земји: Франција, Италија, Хрватска, Бугарија, Романија, Турција и Шпанија.