ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ

ЕКЕ Битола објавува повик за  учество на студиска посета “Do-It-Together” којa ќе се оддржи од 11 до 15 ноември 2019 год. во Бари, Италија.

Во рамките на студиската посета, партнерската организација Spazio 13 ќе ги сподели практиките со кои успешно создадоа и имплементираат  програми за урбана регенерација во Бари,Италија.

Со оваа студиска посета ќе имате можност за:

– да дознаете повеќе за процесот на повторно активирање на празни згради

– препознавање на креативни идеи за спречување на напуштените простори од опаѓање

– размена на добри практики за зелени зони

– да стекнете знаење за активности и кампањи за зголемување на политичката свест

– да се видат добри примери за вклученост и учество (ко-создавање со општината, придонес кон општеството)

Оваа студиска посета е наменета за студенти на архитектура, млади архитекти и други заинтересирани граѓани на градот Битола.

Број на учесници: 4
Старосна граница: над 18 години
Краен рок за аплицирање: 1 октомври 2019

Пријавување на: office.eke.macedonia@gmail.com со назнака КАНДИДАТ ЗА ПРОЕКТ D-I-T