ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ

Отворен е повик за 3 учесници на тренинг курсot “МАНАС” кој ќе се одржи во декември 2019 год, во Туза, Италија. Точниот датум ќе биде дополнително објавен до заинтересираните за учество.

Проектот „МАНАС“ има за цел да го зајакне личниот развој на младинските работници од осумте партнерски земји на проектот, користејќи методи на уметничко изразување преку спонтано пеење со слободни движења и групни медитации, давајќи им иновативни алатки на младинските работници кои понатаму ќе ги споделуваат и користат во работата со своите целни групи.

Проектот промовира:

  • Развој на свеста кај младите за важноста на музичкото изразување и медитацијата како инструмент за благосостојба и интерперсонална врска;
  • Зголемување на довербата во себе, во другите и во заедницата;
  • Споделување, создавање и дисеминација на методи и активности за личен развој од страна на младинските работници кон нивните целни групи и во своите локални заедници.

Број на учесници од С. Македонија: 3
Старосна граница: над 18 години
Аплицирање на следниот линк: https://forms.gle/QePKCT3Qw6Yka24Y6
Краен рок за аплицирање: 1 ноември 2019