ЈАВЕН ПОВИК ЗА ВОЛОНТЕРИ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ВОЛОНТЕРИ

Европски Културен Епицентар Битола објавува повик за вклучување волонтери во канцелариите во Битола.

Волонтерите ќе асистираат во локални и интернационални активности и ќе имаат можност за учество во младински размени.

Што добивате :

– искуство при подготовка и реализација на проектни активности

– стекнување и подобрување на вештини за пишување и говорење на Англискиот јазик

– можности за придонес во подобрувањето на локалната средина, позитивни промени во општеството

– запознавање со работата на граѓанските организации

– запознавање со функционирањето на Еразмус+ програмата и други ЕУ проекти грантови

– прилики за стекнување познанства со други млади луѓе од Европа и светот

Профил на волонтерот:

– мотивираност за стекнување нови знаења преку неформална едукација

– интерес за користење на интернет за стекнување дигитални вештини

– склоност за придржување кон временски рамки, рокови и процедури на работа

– желба за стекнување нови интернационални контакти

Старосна граница: 16-29 години

Волонтерски ангажман: од 8 до 20 работни часови неделно

Период на волонтирање: 23 Септември – 23 Декември 2019

Пријавување: Заинтересираните да испратат CV на office.eke.macedonia@gmail.com со назнака ВОЛОНТЕР_ЕКЕ најдоцна до 17 Септември 2019 година.