Европски Културен Епицентар - Битола

Европски Културен Епицентар Битола (ЕКЕ) е непрофитна организација регистрирана согласно законот за здруженија и фондации со седиште во Битола. ЕКЕ е основана во 2012 година од поранешни учесници во програмата Еразмус Плус со цел споделување на стекнатите лични искуства од програмата, како и работа на создавање на дополнителни можности за неформално образование на младите од земјава и странство.

Ние работиме во полето на неформално образование за млади каде преку нудење можности за курсеви, обуки, работилници и волонтирање работиме на градење на општество кои ги поттикнува позитивните вредности и поведенија кај младите луѓе. Погледнете дел од нашите минати активности тука.

Цели
  • Заложба за одржлив развој и зголемување на придонесот од страна на граѓаните во решавањето на локалните и глобалните проблеми.
  • Промовирање на здрав животен стил преку спорт и спортски активности.
  • Овозможување и унапредување на мобилноста на граѓаните.
  • Едукација и еманципација на ранливите и маргинализираните групи.
  • Унапредување на дигиталната писменост и дигиталните вештини.
  • Промоција на човековите права, демократија, пазарна економија, претприемништво, рамноправност, еднаквост и солидарност.
Мисија
  • Основна цел на Здружението е да овозможи висок квалитет на неформални едукативни програми за граѓаните од Битола, Македонија, Европа и светот за унапредување на личниот и професионалниот развој.
  • ЕКЕ ги остварува своите цели преку обуки, работилници, семинари и дискусии.
Визија
  • Нашата визија опфаќа поттикнување на процеси за воведување на високо квалитетна едукација која што ќе нуди еднакви образовни можности за сите.

Едукацијата прави многу, но охрабрувањето сè.
Јохан Волфганг фон Гете

Партнери