Информативна сесија за спортски клубови и здруженија на граѓани
Сабота на 9ти ноември 2019 од 9:30 до 13.00
Европски Културен Епицентар Битола организира информативна сесија за спортски клубови и спортски здруженија на граѓани од Битола и битолскиот регион.
Темата на информативната сесија е запознавање со програмите и можности за грантирање на спортски клубови и здруженија преку Еразмус+ Клучна акција 1 и Еразмус+ Спорт програмата за грантови до 500.000 евра.
На оваа информативна сесија учесниците ќе имаат можност да се запознаат подетално за погоренаведентие програми, видот на активности кои можат да бидат грантирани, како и основните чекори за подготовка на апликација. Информативната сесија ќе биде составена од две работилници по час и половина.
Заинтересираните лица за учество можат да се пријават преку пополнување на следниот прашалник кој е задолжителен.
Поради ограничениот простор овозможено е по еден претставник од здружение/клуб, а селектираните учесници ќе бидат дополнително информирани.
Краен рок за пријавување е 6 ноември 2019