ОТВОРЕН ДЕН во ЕВРОПСКИ КУЛТУРЕН ЕПИЦЕНТАР Битола

ОТВОРЕН ДЕН во ЕВРОПСКИ КУЛТУРЕН ЕПИЦЕНТАР Битола

За обележување Еразмус+ деновите ЕВРОПСКИ КУЛТУРЕН ЕПИЦЕНТАР Битола организира “Отворен Ден“ во кој ќе добиете краток увид во тоа што претставува Еразмус+ програмата, која е нашата организација, што работиме, како би можеле да се приклучите, како и нашите реализирани и претстојни проекти.Би сакале да ве поканиме во канцелариите на нашата организација кои се наоѓаат на ул.Белградска бр.27 во Битола на 14 октомври 2022, каде што ќе споделиме многу нови информации, ќе размениме идеи и мислења, и секако ќе дознаете повеќе за Еразмус+ програмата!

Оторениот ден е наменет за средношколци, студенти, наставници, професори, волонтери, родители, сите оние кои се заинтересирани да научат повеќе за нашите активности како и Еразмус+ програмта. Би ви биле благодарни да го најавите вашето присуство на head.eke.macedonia@gmail.com поради ограничениот број на места до 12.10.2022

Програма

16:30 – 17:00 Регистрација на учесници

17:00 – 17:10 Презентација на ЕКЕ Битола

17:10 – 17:30 Презентација на Еразмус+ и ЕСЦ програмата

17:30 – 17:45 Презентација на тековни и идни проекти во ЕКЕ Битола

17:45 – 18:00 Можности за вклучување во ЕКЕ Битола (волонтирање, пракса, вработување)

18:00 – 19:00 Коктел

Translate »