Отворен повик за локални волонтери 2019
Европски Културен Епицентар Битола објавува повик за вклучување волонтери во канцелариите во Битола.
Волонтерите ќе асистираат во локални и интернационални активности и ќе имаат можност за учество во младински размени.
Што добивате како волонтери:
– Искуство при подготовка и реализација на проектни активности
– Стекнување и подобрување на вештини за пишување и говорење на Англискиот јазик
– Запознавање со функционирањето на Еразмус+ програмата и други ЕУ проекти грантови
– Прилики за учество на младински размени и обуки
– Стекнување познанства со други млади луѓе од Европа и светот
– Можност за придонес во подобрувањето на локалната средина, позитивни промени во општеството
– Запознавање со работата на граѓанските организации
Профил на волонтерот:
– Мотивираност за стекнување нови знаења преку неформална едукација
– Интерес за користење на интернет за стекнување дигитални вештини
– Склоност за придржување кон временски рамки, рокови и процедури на работа
– Желба за стекнување нови интернационални контакти
– Возраст: 16-29 години
Волонтерски ангажман: од 8 до 20 работни часови неделно во период од 20 Септември – 20 Декември 2019
Пријавување: Заинтересираните да испратат CV на office.eke.macedonia@gmail.com со назнака ВОЛОНТЕР најдоцна до 17 Септември 2019 година.