Локален волонтерски сервис

Локален волонтерски сервис

Во рамките на нашите заложби за поддршка на локални иницијативи, активизам и волонтерство денес спроведовме волонтерска активност – цртање на мурал. Од пред две години Општина Битола почна со поддршка во набавка на основни материјални ресурси за локални волонтерски иницијативи со цел поттикнување на волонтерски активности.

Денес во соработка со волонтери од Европскиот Солидарен Корпус реализиравме волонтерска активност за разубавување на влезот во училиштето во село Цапари со мурал. Во настанот се вклучија и помогнаа и деца од училиштето. Благодариме до нив, до волонтерите и Општината за поддршката.

Translate »