Отворени термини за работилници за 3D печатење

Отворени термини за работилници за 3D печатење

Неодамна ЕКЕ Битола го реализира проектот 3D-next generation што во основа претставуваше младинска размена финансирана во рамките на програмата за млади Ерасмус+ на ЕУ каде младите од неколку држави имаа можност да се запознаат со новите иновации и технологии во полето на 3Д печатење.

Со цел споделување на стекнатите знаења со останатите млади и други заинтересирани граѓани од нашата локална заедница во следниот период ЕКЕ Битола започнува со реализација на серија локални работилници за 3D пчечатење.

Доколку имате некој модел што сакате да го испечатите или сакате да ги научите основните чекори на моделирање и работата со 3D печатар, повелете во нашата канцеларија на улица Белградска 27 во Битола, секој четврток од 12:00 до 14:00 во периодот од септември до декември 2021.

За повеќе информации слободно контактирајте не на: office.eke.macedonia@gmail.com

Translate »