“Digital Youth Work – Past, Present, Future”

“Digital Youth Work –       Past, Present, Future”

Во периодот од 8 до 16 мај се одржува тренинг курс “Digital Youth Work – Past, Present, Future” за дигитална младинска работа организиран од Здружението за неформална едукација Европски Културен Епицентар од Битола. 

Овој проект има за цел да ја подигне свеста за дигиталните компетенции на младинските работници и да ги опреми со потребните знаења за да креираат соодветни модели за неформално учење и учење на далечина.

Младите луѓе во Европа се повеќе време минуваат користејќи дигитални медиуми (видео стриминг, допишување, блогови и социјални медиуми). Но сепак постои очигледен недостаток на компетенции кај младите луѓе кои им се потребни за користење на он-лајн платформи за учење бидејќи најголем дел од времето овие медиуми ги користат за пополнување на слободното време и за забава. Ваквите алатки овозможуваат младите да учат, да го споделуваат своето знаење со останатите, да разменуваат мислења и ставови, да се забавуваат но и активно да учествуваат во општествените случувања.

На тренингот покрај учесниците од Македонија, учествуваат младински работници од Чешка, Естонија, Грција, Литванија, Словенија, Шпанија и Словачка. Тренинг курсот е поддржан од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност на Република Северна Македонија преку Еразмус плус програмата на Европската Комисија.