Sustainopreneurship – Think Global, Act Local

Тренинг курсот “Sustainopreneurship – Think Global, Act Local” имаше за цел поддршка на борбата против невработеноста кај младите од една страна, а од друга страна, решавање на различни социјални проблеми со цел да се постигне повеќе инклузивен и одржлив раст во локалното општество. Целта на курсот беше главно да се едуцираат и да се подготват млади луѓе кои размислуваат да се вклучат во претприемачката кариера, да се осврнат на прашањата поврзани со трите столбови кои го претставуваат одржливиот развој – економски просперитет, заштита на животната средина и социјална правда. Курсот ги поттикна учесниците да ги решаваат овие прашања во нивните локални заедници иновативно и креативно. Проектот обедини младински работници, вработени од младински центри, центри за помош и информирање, како и младински претставници од бизнис инкубатори за да ги разменат своите искуства, да стекнат нови знаења и вештини во областа на одржливиот развој, претприемничкото образование и јакнење на младите, за понатамошен развој на стратегии за поттикнување на креативни, независни и нетрадиционални начини на размислување и дејствување во нивните локални средини.

година на реализација: 2013

програма: Youth In Action

координативна организација: Европски Културен Епицентар Битола

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *