Street Workout – уличен тренинг за почетници и напредни
Оваа и следнава година ЕКЕ Битола во соработка со партнерските организации од Холандија, Летонија, Бугарија и Италија го реализира проектот Sport @Street финансиски поддржан од Еразмус+ програмата на ЕУ. Темата на проектот е поттикнување на социјалната кохезија помеѓу младите преку реализација на активности на отворено во вид на т.н. уличен тренинг (Street Workout).
“Уличен Тренинг“ (Street Workout) е движење кое се базира на вежбање со користење на јавно поставена опрема која се наоѓа во парковите и училишните дворови.
Во рамките на проектот во следниот период од 19ти септември до 5ти декември 2021 во сите овие држави ќе спроведуваме локални активности.
Во Битола активностите со уличен тренинг Street Workout ќе се реализираат секоја недела во 17.00 часот без разлика на временските услови. Локација: Градски Парк, Street Workout парк покрај спортска сала “Боро Чурлевски“ Битола.
Покрај основите вежби за почетници, на дел од активностите ќе имате можност да научите како да направите и понапредни вежби како што се: стој на раце, апсолутен згиб, предна вага, задна вага, знаме (human flag) и сл.
Придобивките од “Уличениот Тренинг” – Street Workout се:
- Вежбите можат да се изведат насекаде
- Не е потребна опрема, обука или сала
- Промовира здрав живот и со тоа може да се постигне посакуван изглед
- Надградување на физичката моторика и флексибилност
- Зголемување на физичката сила и цврстина
- Постигнување на дисциплина за тренинг
- Потполно е бесплатно
Тренинзите ќе бидат модерирани од искусни тренери кои несебично ќе го споделат стекнатото искуство и знаење.